Обука за дигитален маркетинг + SEO
Придружете ни се!
Што добивате од оваа обука?
Во текот на целата обука, студентите работат на голем број на практични проекти кои им помагаат да ги совладаат нивните вештини. Работата на реални практични проекти им помага на студентите веднаш после завршувањето на Академијата брзо и лесно да се прилагодат на нова работна позиција.
Со оваа обука се откриваат сите канали за маркетинг и како да се стигне до истите. Исто така креирањето на веб страна која е потполно функционална е една од најважните делови за секој бизнис.
Обуката е наменета за сите возрасти и не се потребни никакви предзнаења.
После завршувањето на обуката добивате сертификат кој е валиден во земјата и во странство.
Верифицирана обука
Информации за обуката за Дигитален Маркетинг + SEO:
Обуката за Дигитален маркетинг и SEO е по верифицирана и акредитирана програма од Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните.
Изучување на најновите трендови на дигиталниот маркетинг и оптимизација на веб страни (Off site & On site SEO).
Користење на голем број на платформи кои ќе им помогнат на студентите да ги совладаат сите вештини за креирање успешни маркетинг стратегии, креирање на креативи, одредување на таргет групите, креирање на успешни маркетинг кампањи, креирање на оптимизација на веб страните, Google Analytics, Google Ads, Bing Ads, како и креирање на потполно функционални веб страни и ажурирање на истите, според барања на клиентите.
Најнови технологии
Што ќе изучувате?
Разбирање на е-бизнис и е-трговија
Правила за водење на е-трговија во нашата земја и странство
Генерирање на лидови и нивно конвертирање во продажба, начини, методи и канали
Водење на веб аналитика, генерирање на код за пратење за аналитика, работа во платформа за следење на посети на веб сајт, креирање на извештаи – Google Analytics
Оптимизација на веб сајтови или on-site оптимизација, активности и начини кои може да се направат на веб сајтовите со цел да се подигне рејтингот на сајтот при пребарување во интернет пребарувачите
Рекламирање на пребарувачи односно off-site оптимизација, принципи и користење на Google Ads и Bing Ads
Кампањи за е-маил маркетинг и сервиси за емаил-маркетинг, MailchimpProcedure
Креирање и водење на кампањи на социјални медиуми: Facebook, Instagram, LinkedIn
Блогирање и креирање на платформа за блог, правила за водење на успешен блог
Wordpress , интеграција на социјални мрежи и оптимизација
Едуцирајте се со нас
Станете дел од оваа обука и осигурете си успешна иднина со практични вештини и признати сертификати!
