Обука за програмирање за деца
Придружете ни се!
Што добивате од оваа обука?
Обуката е достапна на македонски и на албански јазик!
После завршување на Џуниор школата (основно ниво), ученикот има можност да продолжи на следниве напредни нивоа на програмирање:
II ниво – Изучување на JavaScript напредно ниво
III ниво – Изучување на Boostrap
IV ниво – Изучување на WordPress
V ниво – Изучување на PHP програмски јазик
Бидејќи живееме во дигитална ера, изучувањето на програмирањето ќе им помогне на децата многу полесно да ги користат дигиталните медиуми и платформи, но и да се насочат кон понатамошното образование од областа на информатичките технологии.
Програмата на оваа обука е специјално дизајнирана за деца кои веќе имаат познавање со работа на компјутери, и истата се однесува на изучување програмирање на дизајн односно изглед на веб страна, како и програмирање на фукционалноста на веб страните, во стручната литература познато како front-end и back-end програмирање.
Во текот на 4 месечната школа ученикот работи постојано на практични примери и како резултат на тоа, на крајот од школата ќе има изработено своја веб страна.
Едуцирајте се со нас
Станете дел од оваа обука и осигурете си успешна иднина со практични вештини и признати сертификати!
